Дали FRIENDS се враќаат на голeмото платно?
Една од
најпопуларните серии од деведесеттите никако да го доживее своето повторно
обединување.
Како што пишува порталот Glamour се чини дека и овој пат со објавата на трејлерот за филмот кој би бил продолжение на култната серија стаува збор за „лажна тревога“
Имено трејлерот е направен од делови од некои други проекти на главните актери и со тоа го прави многу добра измама.
Иако поминаа 14
години од последната епизода од култната серија, популарноста на серијата не
стивнува.
Познат е фактот дека во последната сезона, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери ни помалку ни повеќе добија милион долари по епизода.
Помалку е познато дека сите имаат по 2% удел од вкупната годишна заработка на серијата така што секој од нив годишно од тие приходи зема скроми 20 милиони долари.
На честите прашања за можно повторно соединување на актерската екипа, сите се согласуваат дека тоа едноставно не би била добра идеја. Серијата своевремено стекна огромана поуларност бидејќи во неа се зборуваше за проблемите на млади луѓе во дваесеттите и триесеттие години, а бидејќи актерите се сега на прагот на педесеттите, продолжение на серијата или пак филм би имал потполно другконцепт и се поставува прашањето дали публиката би се воодушевила да ги гледа во иста мера.