Дали го преболе: Селена Гомез тивка за свадбата на Џастин Бибер

Дали го преболе: Селена Гомез тивка за свадбата на Џастин Бибер

Објавена во: Stars // Музика

Селена Гомез беше тивка на денот на свадбата на Џастин Бибер, а како што веројатно веќе знаете, таа е многу долго сингл и се чини дека е многу опуштена додека минуваше време во женско друштво и се одмори од центарот на вниманието на јавноста. Извор за Us Weekly направи малку истражување за тоа како Сел се чувствувала тој понеделник кога Џастин официјално и рекол „да“ на својата сопруга!

„Селена знае дека е многу подобро без Џастин, ова е најздравата опција за неа. Таа е отворена за врски, но засега единствено е фокусирана на себе и ужива во животот колку што може. Сега таа е иста Селена што беше пред да го запознае “, изјавил изворот.

Селена се грижи за себе и за нејзиното здравје пред се, па затоа јавно не коментира за ништо поврзано со Бибер, а последниот „суптилен“ чекор во нејзиното повлекување од сè што е поврзано со Џастин беше моментот кога таа избриша пост на Инстаграм во која му го честиташе неговиот роденден.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: