Дали Кендал Џенер ја ископира Теодора Џехверовиќ? Еден ден по српската ѕвезда, манекенката е видена во иста комбинација
Само еден ден откако Теодора Џехверовиќ објави фотографија во оваа комбинација, Кендал Џенер облече многу слична...
Многу пати се случува балканските ѕвездите инспирација за своите комбинации да наоѓаат во светските ѕвезди, кои се сметаат за релеватни извори за тренди модни комбинации.
Но, исто така многу пати сме биле сведоци на ситуации во кои српската пејачка Јелена Карлеуша со фотографии докажуваше дека светските ѕвезди ја копираат неа. Креациите многу пати биле скоро па исти, но тешко е вината да се насочи токму на познатите личности, кои најчесто го носат она што им го подготвуваат личните стилисти.
Овој пат слична ситуација ѝ се случи на младата музичка ѕвезда Теодора Џехверовиќ.
Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии во црно - бела комбинација (топ и панталони), а само еден ден подоцна Кендал Џенер на роденденот кај својата пријателка се појави во идентична комбинација.
Единствената разлика е во тоа што Кендал носеше панталони со висок струк, а Теодора модел до колковите.
Јасно е дека станува збор за сличност, која се случи во неверојатно краток рок, а мора да признаеме и дека оваа комбинација на двете им стои совршено.
фото: Инстаграм