Дали Клое Кардашијан е повторно бремена?!
Клое Кардашијан зборуваше за втората бременост во неодамнешната епизода „Во чекор со Кардашијан“.
Иако не навести кога би можела да забремени, одлучи да го праша поранешното момче и татко на нејзината ќерка Тру, Тристан Томпсон да и донира сперма. Покрај тоа што во емисијата кажа дека не е подготвена повторно да стане мајка, изворите тврдат поинаку.
„Клое навестува од време на време дека би можела да биде бремена. Сјае со посебен сјај и има посебен однос со Тристан“ - наведува извор за американскиот таблоид Star.
Ријалити ѕвездата одлучи, покрај измамите, да му даде уште една шанса на кошаркарот, а изгледа дека тој се променил.
„Тристан е многу подобар како партнер и татко и тие двајца не биле никогаш поблиски. Всушност, толку се зближија што размислуваат за заедничко проширување на семејството“ - раскажува изворот.
„Клое никогаш не сакала да има само едно дете и навистина сака Тру да има сестра или брат со кој ќе биде блиску со годините“ - октрива изворот.
Единствено за што моментално се грижат Тристан и Клое е како да и соопштат на јавноста дека се заедно. „Клое не сака да го уништи нивниот идиличен однос, со оглед на тоа што знае дека луѓето веднаш ќе почнат да ја осудуваат. Сепак, Тристан е подготвен да им ги објави убавите вести на сите“ - заврши изворот.
Парот веќе некое време е во коректни односи, бидејќи заедно ја одгледуваат ќерката Тру, која оваа недела наполни две недели.
Во една неодамнешна епизода, додека подготвуваа играчки кои ќе ги донираат, Тристан реч едека нешто би можеле да остават доколку добијат уште една ќерка.
„Доколку се случи тоа и имаме уште едно девојче, ќе мораме да купуваме повторно“ - рече, додека Клое остана шокирана.
Тристан притоа рече дека Тру треба да има брат или сестра, со што Клое се сложи.
„Можеби ќе најдам ембриони и ќе и направам брат или сестра. Можеби ќе морам да позајмам сперматозоиди или да ги добијам од тебе, но ќе видиме“ - додаде таа.
Сега кога се пријатели, изгледа дека не им е сеесно, бидејќи Тристан во текот на целиот разговор флертуваше со неа.