Дали ова е најхраброто издание на Милица Павловиќ? Фустанот кој го одбра може да го износат само најхрабрите девојки

Дали ова е најхраброто издание на Милица Павловиќ? Фустанот кој го одбра може да го износат само најхрабрите девојки

Објавена во: Живот // Живот

За настапите на Милица Павловиќ секогаш се бара карта повеќе. Огнената „сењорита“ е позната како некој кој знае да доведе атмосферата на едно високо ниво, како со музиката која ја пее, така и со танцот и своите секси изданија.

Па, така беше и неодамна, кога настапи на еден сплав во Нови Сад, а за таа прилика одбра издание на кое никој не остана рамнодушен.

Имено, Милица се појави во тексас фустан, со извезени рози и изразено длабоки отвори, а сето тоа го искомбинира со високи потпетици, високо коњско опавче и интересен ѓердан.

Пејачката за целото време танцуваше и пееше, а многумина искоментираа дека ретко кој има ваква енергија на своите настапи.

Коментарите на социјалните мрежи само се редеа, а обожавателите не го криеја воодушевувањето за нејзиниот моден избор. „Жено, грмиш“, „Искина“, „Браво деовјко“, „Божица“, „Е, вака треба да изгледа една јавна личност“, „Најубава си“ - се само некои од убавите зборови кои обожавателите ѝ ги напишаа на пејачката.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: