Дали познатата инфлуенсерка го освои раперот? Војаж конечно се огласи и откри детали од нивниот однос
Последните неколку дена постојано се зборува за новата девојка на Михајло Веуровиќ Војаж, а раперот конечно одлучи да ја открие вистината
За неговата разделба со Анџела Игњатовиќ Бресквица многу се зборуваше. Дека знаат како да бидат во центарот на вниманието и јавноста говори и фактот што своите нови песни ги објавија во ист ден, а неодамна поради инцидент на настап, Војаж откри дека се гледа со нова девојка.
Раперот се најде на мета на критики кога на својот настап покажа три прста, поради што публиката жестоко го искритикува.
Во извинувањето и обраќањето на јавноста поради својата постапка, Војаж откри дека нова љубов е на повидок.
„Здраво луѓе, би сакал да кажам неколку работи кои ми дојдоа сега на ум. Пред сѐ, сакам да се извинам на сите кои се почувствуваат неиспочитувано или непријатно поради тоа што го покажав симболот три прста. За нас тоа не е националистички или фашистички, туку е само начин на кој ги поздравуваме луѓето.
Така што, доколку се почувствувавте навредено или непријатно, навистина сакам да се извинам, бидејќи немав лоша намера.
Познат сум по тоа што ги сакам сите, сакам да ширам љубов, дека сум тука за луѓето. Јас не сум националист, девојката со која се гледам е од друга вероисповест“ - напиша раперот на својот Инстаграм профил.
Сепак, иако и самиот ги зачини шпекулациите за новата љубов, особено поради пораката која ја размени со наводно новата девојка, раперот се одлучи сега да ја открие вистината.
Неговите обожаватели сега се убедени дека токму турската инфлуенсерка и маркетинг менаџерка Чала Бен е неговата нова љубов.
„Браќа и сестри, драги медиуми, видов дека има многу новинарски натписи дека сум во врска со Чала. Тоа не е вистина, тоа морам да го дематирам. Чала е само моја добра пријателка од Турција“ - истакна тој.
#f #fyp #foryou #fypviral # # # #foryoupage @voyage.808
Недоразбирањето всушност настана кога Чала објави фотографија од својот 23-ти роденден на кој присуствувал и Војаж, а таа исто така се огласи во овој повод.
„Не сум во вркса со Војаж. Тој е само мој пријател кој го сакам и со кој работам“ - напиша инфлуенсерката на својот Инстаграм профил.