Дали розовата боја е нов тренд за двата пола: Никола и Бруклин Бекам велат „ДА“ (ФОТО)
Нивниот стил може да се карактеризира како совршен микс од ретро и модерно, и токму поради тоа на многумина им се испирација за модерни комбинации.
Така нивното појавување во Њујорк, на така наречената розова забава, каде сите гости мораа да облечат нешто во оваа боја, се покажа како полн погодок. Тие двајца, секако, го испочитуваа „dress code-от“ и така предизвикаа огромно внимание.
Никола носеше розов фустан, тесен во горниот дел, со благ распон после колковите, а сето тоа го истакна со светкавите потпетици во истата нијанса. Од модни додатоци иамше само розова чанта, која е за неколку нијанси потемна од фустанот.
Бруклин носеше бела маица и розови панталони, иста боја како фустанот на Никола. Она што е невозможно да не се забележи, се неговите птики со розови врвки, кои одлично ја комплетираа целата комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Профимедиа