Дали се подготвува трето продолжение од „Леденото кралство“? Кристен Бел кажа нешто на оваа тема (ВИДЕО)

Дали се подготвува трето продолжение од „Леденото кралство“? Кристен Бел кажа нешто на оваа тема (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Некои работи никогаш не се менуваат, како што љубовта на обожавателите кон анимираниот филм „Леденото кралство“. Но, дали третото продолжение би можело да ја здогледа светлината на денот и уште еднаш да ги израдува обожавателите? Во продолжение погледнете што кажа за тоа Кристен Бел.

„Би сакала официјално да го објавам „Леденото кралство 3“ со нула овластување“ - изјави актерката која ја глумеше Ана во двете продолжување од анимираниот филм, за време на гостувањето кај Џими Фалон.

„Ве молам, имајте предвид дека реков дека немам овластувања, бидејќи не можам да го сторам тоа... Јас не сум одговорна“.

Сепак, Џими не беше подготвен да го остави тоа да помине само така, па праша дали се случува нешто. Но, засега изгледа дека обожавателите треба да бидат трпеливи и да чекаат.

Додека чекаме, Кристен секогаш е подготвена да ја отпее „Let It Go“ кога ѝ да му затреба на „Дизни“.

„Во било кое време. Може да имам 80 години и да ја глумам русата анимирана девојка која има, околу, 15 години, која инаку има неверојатни раце. Тоа ми се допаѓа кај неа“ - кажа актерката.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: