Дали си играме со Бог? Го прашав сопругот, а потоа ги испративме нашите сијамски близначки на операција за да се разделат: Еве ги 17 години подоцна

Дали си играме со Бог? Го прашав сопругот, а потоа ги испративме нашите сијамски близначки на операција за да се разделат: Еве ги 17 години подоцна

Објавена во: Живот // Живот

Сиднеј и Лекси Старк и денес изненадуваат многумина. Тие прво го изненадија своето семејство кога се родени живи и споени на дното на нивните тела - нешто што 45-60 проценти од споените близнаци не го преживуваат.

После тоа повторно ги изненадија сите бидејќи го преживеаја првиот ден, а веројатноста за тоа е околу 35 проценти. Потоа повторно ги надминаа сите очекувања кога ја преживеаја операцијата на разделба на само 7 месеци, пишува „новиживот“. 

За среќа, Сиднеј и Лекси ја преживеаја операцијата и сега се здрави и среќни девојки. Иако се благодарни што се живи, тие се свесни колку се благословени…

Таткото на близнаците Џејмс рече дека болничкиот персонал не знаел многу за сијамски близнаци кога се родиле девојчињата:

„Докторот донесе книга од 1.000 страници и почна да прелистува кога наиде на буквално два параграфи за сијамски близнаци. 

За среќа, тие успеале да поминат низ таа бурна и нејасна област и решиле да ги разделат близнаците со операција. Девојчињата биле споени на папокот и други многу важни делови како што се цревата, но Џејмс и неговата сопруга Емили биле убедени дека операцијата е единствениот начин да им го дадат на девојките животот што го заслужуваат.

И покрај нивната одлука, Емили се плашела дека на некој начин ќе се меша во судбината на девојките: „Направивме многу за да дојдеме до овој ден, до операцијата, а две недели пред тоа го погледнав Џејмс и го прашав:

„Дали си играме со Бог? Можеме да ги оставиме заедно, ризикуваме ли?“. 17 години подоцна овие девојки се целосно здрави!

Сега зборуваат за своите необични почетоци во животот и за поврзаноста што ја чувствуваат.

Денес тие се целосно независни млади жени кои живеат без здравствени проблеми.


Фото и Видео: Youtube


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: