Дали успеаја да го симнат оригиналот: Македонските ѕвезди ја имитираат Џенифер Лопез

Дали успеаја да го симнат оригиналот: Македонските ѕвезди ја имитираат Џенифер Лопез

Објавена во: Stars // Музика

Чија изведба најмногу ви се допаѓа?

Уште од самото објавување, „Pa Ti“ направи вистински бум. Дуетот на Џенифер Лопез и Малума руши рекорди, а на многу радио станици, како кај нас, така и секаде во светот е апсолутен хит.


Од целото видео особено се истакнува танцот на познатата актерка и пејачка, кој им послужи како инспирација на корисниците на социјалните мрежи, но и на некои македонски познати ѕвезди, кои го прифатија танцувачкиот предизвик.

Прва на ритамот на оваа песна танцуваше младата пејачка Ања Ветерова, која видеото го сподели на својот Инстаграм профил, а со кое ги воодушеви своите следбици.


Дали очекувано или пак не, следна на листата беше водителката Лила Филиповска. Во баде мантил го долови своето видување на видеото и песната, а на објавата која ја сподели на Инстаграм може да се пофали со скоро 30 илјади прегледи.


Последна, но не помалку важна е Марјана Станојковска, водителката која во танцувачкото шоу „Танц со ѕвездите“ покажа дека е одлична танчерка. По само 16 часа од објавување на видеото од танцувачкиот предизвик „Pa ti“, Маријана „собра“ над 25 илјади прегледи.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: