Дамиано Давид со крваво лице ги загрижи фановите: Миленикот на жените не престанува со скандали (ФОТО)
Фронтменот на групата „Манескин“, Дамиано Дaвид ја разбранува и ја загрижува јавноста со најновите фотографии на социјалните мрежи.
Имено, тој позираше со „претепано“ лице, со модринки и исекотини, и сите ги остави во сомнеж што всушност се случило.
Неговото крваво лице, кое го покажа на фотографиите, изгледа како да е претепан, меѓутоа, многу корисници сметаат дека тоа е само шминка за потребите на новото видео на победникот на овогодинешната Евровизија.
Бидејќи Дамиано е склон кон скандали, многумина исто така мислат дека тоа е негово намерно привлекување внимание, додека од друга страна обожавателите мислат дека рок пејачот не би го сторил тоа од овие причини бидејќи веќе има премногу внимание, како од медиумите така и јавноста.
Да потсетиме, Дамиано неодамна стигна до центарот на скандалот кога на Интернет се појави видео во кое се расправаше со басистот на групата, Викторио.
Како што можеше да се види од спорното видео, Дамиано се изнервирал,поради што како рекол, што секогаш е тука за секого, а кога е болен, никој не се грижи за него.