Даниел Кајмакоски: Како тинејџер бев скромен и позитивен

Даниел Кајмакоски: Како тинејџер бев скромен и позитивен

Оваа недела на тинејџерските години се потсетува Даниел Кајмакоски.

Даниел пред точно пет години стана миленик на јавноста кога за прв пат се појави во регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ во Белград, есента во 2013 година. Во март во 2014 година, Даниел како фаворит на жирито и на публиката победи во шоуто. 

Тој често се потсетува на своите тинејџерски години, а во едно интервју изјави дека од дете знаел дека неговиот живот ќе биде поврзан со музиката.

„Омилен предмет на училиште ми беше се разбира - музичко“, откри тој во едно интервју.

Како тинејџер не превел многу проблеми, напротив бил мирно и повлечено момче.

„Кога имав 13 години бев скромно момче со позитивен и забавен дух, тоа момче сѐ уште живее во мене“, открива тој.

Даниел и неговиот син Давид.

Тој вели дека драг спомен од тинејџерските години му се дружењата, излегувањата, првата љубов, но и спортувањето.

„Како тинејџер тренирав фудбал, а ги обожавав и екстремните спортови, со кои продолжив да се занимавам и подоцна.“, открива тој.


Можеби ќе ве интересира: