Даниел Кајмаковски ја објави првата фотка од вториот наследник: На кој личи малиот Стефан? (ФОТО)
На последниот ден од април, Даниел Кајмакоски по втор пат стана татко...
На 30 април, Македонецот кој победи на балканскиот „Х-фактор“, Даниел Кајмакоски стана татко по втор пат. Среќните вести, таткото ги сподели на социјалните мрежи, каде откри дека неговиот втор син го добил името Стефан.
Сега, два дена подоцна, Даниел сподели фотографија од својот наследник и која всушност ја искористи за да им се заблагодари на сите за искрените честитки.
„Господе ти благодариме што не благослови... Нека ни е жив и здрав малиот Стефан... Им благодариме на сите што се радуваат заедно со нас... Прекрасни се вашите пораки и честитки“ - напиша среќниот татко на покрај фотографијата од наследникот.
Инаку, тој неодамна откри дека повторно стапил во брак, а дека сега е посреќен од било кога, говорат и фотографиите кои тој ги споделува на социјалните мрежи.
За потсетување, пред овој брак, Даниел беше венчан со Кристина Димитри со која го имаат синот Давид.
фото: Принтскрин / Инстаграм