Даниела Мартиновиќ за првпат зборува за разделбата со Грашо: Ги искоментира и написите за новата врска
Пејачката во љубов со музичарот од Сплит помина 26 година, а разделбата се случи оваа пролет...
Низ 26-те години од нивната љубов, Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо само во ретки прилики зборуваа за својата среќа во љубовта, а до истиот рецепт се држеа и откако оваа пролет ставија крај на нивната љубов. Нивната љубов имаше подеми и падови, а во итнервјуто кое Даниела го даде за „Глорија“ за првпат проговори за разделбата со пет години помладиот Петар.
„Не може да помине моментот кој е неизбежен. Непишано правило е дека врските завршуваат драматично, но кога со тебе е личност која ја почитуваш и цениш, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо“ - искоментира Даниела. Додаде дека може да се случи работите кои порано им биле важни на луѓето со текот на времето да им станат неважни и да се насочат кон некои други работи што повеќе ги радуваат.
„Кога ќе се случи тоа во врската, најчесто и најискрено е секој да продолжи во своја насока и ритам. Ако одлуката се донесе во вистински момент, обостраното почитување и благодарност останвуаат. Мислам дека е најлошо и најопасно да се остане во врска поради страв или обврска“ - вели пејачката, која ова лето наполни 50 години. Ова лето јавноста дозна и дека нејзиниот поранешен партнер е повторно во љубов со неговата избраничка Хана Хуљиќ. Двојата својата љубов повеќе не ја крие и во неколку наврати се уловени заедно, а за тоа време се појавија и приказни дека и Даниела е во врска ссо еден богат маж од Австрија.
„Навистина? Блазе си ми. Не сум знаела за тоа, добро е што ми кажавте“ - беше нејзиниот одговор на прашањето за нејзината нова наводна љубов од Австрија.