Даниела Шртбац Улетиловиќ: Просветните работници треба да бидат авангарда на општеството
Со што ќе се занимаваат денешните млади генерации кога за неколку години ќе стапнат на пазарот на труд? Како ќе се снајдат во сè попредизвикувачките деловни средини кои ги наметнува четвртата индустриска револуција?
Одговорите се кријат во развојот на компетенциите што ќе ги подготват младите за економијата, базинарани на знаење. Дел од кативностите за таа цел се спроведуваат во гимназијата Бања Лука.
Оваа институција е едно до 12 - те училишта со СТЕМ модели од БиХ, кои се вклучени во проектот ENABLE БиХ, кој во изминатите четири години успешно го спроведуваше организацијата „Save the Children“, благодарејќи на финансиската поддршка на Американската агенција за меѓународен развод (УСАИД).
„Образованието отсекогаш било исклучително важно за развој и напредо, а просветните работници се авангардата општеството, кои отсекогаш учествувале во надминувањето на пречките со кои се соочувал образовниот систем. Денес сите живееме исклучително брз живот и јасно е дека образовниот систем мора да се прилагоди на потребите на пазарот на труд, но сметам дека не треба да ја изгубиме нашата основна цел, а тоа е едукацијата на младите во сите сфери на животот“ - тврди Даниела Штрбац Улетиловиќ, професор по руски јазик во гимназијата во Бања Лука и раководител на одделот СТЕМ.
Главната цел на проектот ENABLE БиХ е да се овозможи воведување на принципите на СТЕМ во образовниот систем во БиХ. СТЕМ (анг. Science, Technology, Engineering, Mathematics) имплицира дека математиката, хемијата, физиката, биологијата, информатиката и технологијата се изучуваат во меѓусебна корелација, логички поврзани и применливи за реалниот живот.
„СТЕМ е таков систем што ја поттикнува вродената љубопитност кај учениците, а нивниот ентузијазам кога ќе сфатат дека смислиле практично решение на едноставен начин е награда за дополнителниот труд вложен во воннаставните активности“ - посочува профеосрката.
Благодарение на проектот ENABLE БиХ, вкупно 2556 ученици од основните и средните училишта низ БиХ добија пристап до квалитетно СТЕМ образование.
Извор: 6yka.com