Дара ја брка богат шеик, ѝ нуди милиони: Скроз одлепил за пејачката, спремен е да ѝ симне ѕвезда од небо-таа откри сѐ!
Дара Бубамара важи за една од најфаталните пејачки за балканската јавна сцени, а поради бурните љубови често беше во центарот на скандалите.
Таа неодамна раскина со две децении помладиот дечко Тони, а сега призна дека на Инстаграм добива понуди од Дубаи, од богати шеици, кои и нудат повеќе од пет милиони евра, а откри и дали би прифатила таков понуда.
„Почнаа да ми пишуваат непознати, од некој шеик, ми понуди пет-шест милиони, ништо не одговорив, го праќам во моето друштво, и му се потсмеваме, знаете - тврди Дара во емисијата „Ексклузив“.
Инаку, неодамна се пишуваше дека пејачката му паднала во очи на играч на Атлетико Мадрид, кој неодамна го продолжи договорот со овој клуб, па за четири години ќе заработи 48.000 милиони евра. За славниот спортист велат дека е толку приврзан за Дара што секојдневно и пишува на Инстаграм.
- Саул не знаел која е Дара се додека за неа не му кажал неговиот соиграч Стефан Савиќ. Тој ги пушташе нејзините песни и му го покажа нејзиниот Инстаграм профил. На Нјигез веднаш му се допадна, особено нејзината енергија. Веднаш почнал да и се додворува преку СМС пораки – вели изворот и открива дел од преписката помеѓу фудбалерот и пејачката: