Давид Темелков и Лина Пејовска со балади, Анотниа Гиговска со побрз ритам: Како се претставија Македонците на фестивалот „Скале 2022“ во Црна Гора?
Фестивалот на нова музика „Наше море, наши скали“ започна...
Музичкиот спектакл „Скале 2022“, кој е продолжение на последниот фестивал „Сунчане скале“ беше отворен завчера, а вчера и денес се одржуваат двете вечер во кои пејачите од Балканот ќе ги претстават своите нови песни пред публиката.
Помеѓу 40-те нови композии, со своите песни се претставија и неколку изведувачи од Македонија. Давид Темелков, Лина Пејовска и Антониа Гиговска вчера, на првата вечер се претставија пред публиката.
Македонецот, кој се прослави преку музичкото натпреварување „Х-Фактор“, на овој фестивал ја отпеа баладата „Реци ми“.
Лина, исто како и Давид, на овој фестивал се одлучи за балада под наслов „Зора је“, а на сцената се појави во долг црн фустан.
За разлика од нив двајца, Антониа Гиговска отпеа песна во побрз ритам. За време на претставувањето на „Око моје“, младата пејачка на сцената беше придружувана од неколку танчери.
Инаку, победник од овој фестивал ќе нема, бидејќи истиот не е од натпреварувачки карактер.
фото: Принтскрин / Инстаграм