Ги исмеваа поради изгледот: Денес се најубавиот пар и надеж за сите тинејџери кои се мета на врсничко насилство

Ги исмеваа поради изгледот: Денес се најубавиот пар и надеж за сите тинејџери кои се мета на врсничко насилство

Актерката поради која денес мажите ја губат главата, во детството беше жртва на врсничко насилство поради нејзиниот изглед.

А нејзиниот избраник некогаш беше слабичок со очила. 

Софија Вергара и Џо Манганиело навистина им даваат надеж на сите тинејџери кои се мета на суровите коментари од врсници поради нивниот изглед!

Убавата колумбиска актерка повеќе пати истакнуваше дека врсниците ја малтретирале затоа што била екстремно слаба, поради што се чувствувала како „грдо пајче“.

Пред неколку години на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија која открива како изгледала Софија на тринаесет години, а нејзините обожаватели истакнаа дека оваа актерка е вистинска инспирација!

Сепак, денес таа најчесто се споменува на списоците со најубави и најсекси жени во светот, а новинарите постојано и поставуваат прашања за нејзината егзотична убавина.

- Па, мојот изглед не е толку егзотичен во Колумбија како во САД бидејќи повеќето жени таму изгледаат како мене. Јас сум нешто како „грдо пајче“ таму - се пошегува Софија во една прилика.

Денес нејзиниот сопруг Џо Манганиело е препознатлив по неговите мускули и впечатлив изглед!

Неколку пати се појави на насловната страница на списанието Men's Health и милиони жени ширум планетата воздивнуваат за него. Сепак, ниту тој не беше роден со таков изглед: како дете, Џо беше незабележително скромно момче.

извор:glossy.espreso.rs
фото:profimedia

Можеби ќе ве интересира: