Децата родени во јануари обично се успешни доктори и спортисти

Децата родени во јануари обично се успешни доктори и спортисти

Објавена во: Совети // Семејство

Зимските бебиња имаат поинаков карактер од летните бебиња. Истражувањето покажува дека децата родени во јануари се помалку ранливи од своите врсници.

Статистичарите се позаниваа со фактите па пресметаа како децата кои се родени во јануари се поуспешни од останатите.

Најчестата професија со која се заниваат е медицината, а неретко се и спортски типови. Ова го покажува и истражувањето од Австралија во кое знаучниците проучувале во кој месец се родени најмногу играчи во фудбалските клубови.

„Доколку сте родени во јануарите, имате 12 месеци предност што се однесува на растењето од пријателите кои се родени кон крајот на годината“ - објаснија експертите.

Уште една корист која ја имаат оние кои се родени во јануари е тоа што имаат поубави подароци. Имено, нивниот роденден доаѓа откако поминуваат празниците. Тогаш почнуваат попустите, па подароците може да се пронајдат по пониски цени. Затоа е поголема можноста јануарските деца да добијат поубави подароци од останатите.

Луѓето кои се родени во јануари имаат изразена смисла за хумор, но и сарказам. Позрели се и одговорни. Често стануваат лидери. Не сакаат да зборуваат за чувствата и често ги прикриваат.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: