Децата со Даунов синдром во нова акција: Садејќи цвеќе си го разубавија Центарот

Децата со Даунов синдром во нова акција: Садејќи цвеќе си го разубавија Центарот

Објавена во: Совети // Другарство

Децатa и млади со Даунов синдром, деновиве ги разубавуваат просториите во Центарот за  Даунов синдром со садници собно цвеќе. 

Покрај готвењето, учењето, ликовните и логопедски работилници што се случуваат во овој центар, штитениците завчера научија и како се садат цвеќиња, а добија и мала обука за тоа како да ги одгледуваат.

- Идејата ни беше  секој да добие свое цвеќе за кое  ќе се грижи понатаму. Со ова сакаме да им го развиваме чувството на одговорност за нешатата.  Под секое цвеќе стои името на неговиот сопственик кој  понатаму треба да го следи растението, да го наводнува и наѓубрува. Сите беа пресреќни што добија свое цвеќе, а покрај секое стои и календар за наводување и друг вид грижа – вели Јамболка Димитрова, претседателка на здружението „Трисомија 21“ од Скопје.

Цвеќињата го донираше фирмата „Супер Гарден ДООЕЛ Скопје“ заедно со саксиите, земјата и сите други потрепштини за садење. 

- Јас добив цвеќе што се вика кала. Сама си го избрав дека беше многу убaво. Има бели и зелени цветови. Кога ќе одам во Центарот ќе го проверувам како е, ќе го вадам и ќе го чувам – вели Илина Георгиева, девојче со Даунов синдром.

Со ова просторот не само што доби на убавина и свежина, туку  и на квалитет на воздухот, посебно во овие загадени есенски денови.

М.П.Г.

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: