Дедо ѝ сексуално ја злоставувал: Потресна исповед на Шерон Стоун

Дедо ѝ сексуално ја злоставувал: Потресна исповед на Шерон Стоун

Објавена во: Живот // Живот

 Животот на холивудската актерка не бил ни одблизу совршен како што можеби изгледа.

 Познатата актерка Шерон Стоун ја отвори душата во својата биографија и откри тешки моменти од нејзиното минато, кои со децении размислувала дали да ги сподели со јавноста. 

 Легендарната американска актерка Шерон Стоун (63) откри шокантни детали од нејзиниот живот во својата мемоарска книга. Во шокантно признание, добитничката на Оскар тврди дека таа и нејзината сестра доживеале сексуално злоставување од нивниот дедо. Актерката била силувана кога имала 15 години. 

 „Јас и сестра ми долго размислувавме, па на крајот заедно донесовме одлука да ја претставиме оваа ужасна приказна пред јавноста. Разговаравме со мајка ми, и во почетокот таа се однесуваше многу храбро, а по разговорот ми напиша писмо во кое ми рече дека е многу збунета. Таа беше шокирана од ова, сепак, откако разговараше со сестра ми, таа почна да прифаќа дека тоа навистина се случило ", рече Шерон со солзи во очите во интервју за NYT. 

 Споменатите мемоари треба да го видат светлото на денот на 30 март, со деталите за злоупотребата што актерката ја преживеала. Сепак, извор близок до Шарон вели дека односот на нејзиниот дедо кон неа оставил последици засекогаш врз нејзината психа.

 Покрај тоа, во книгата се осврна на нејзините два разводи и животот по мозочен удар што го претрпе во 2001 година. Прашањето што таа го поставува во книгата е исто така: „која е реалната цена на славата“? 

 Извор:story.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: