„Дедо ми ги покажа првите акорди на гитарата“:Борис Ќаев - гевгеличанецот кој свири на неколку инструменти
Доколку бевте во тек со карантинските кавери, сигурно сте го сретнале инструменталниот кавер на „Уште ми фалиш“, кој на неколку инструменти го отсвири младиот и талентиран Борис Ќаев. Тој има 16 години и живее во Гевгелија. Ученик е во СОУ „Јосиг Јосифовски“ во родниот град.
Иако ја посетува природно математичко билингвалната настава, тој наоѓа време да се посвети и на музика, која негова љубов од детство. За раѓањето на истата, најзаслужен е неговиот дедо, кој во младоста бил музичар.
Борис за Хаштаг исто така ги сподели своите најголеми успеси, но и идни желби, а истите може да ги прочитате во продолежение.
# Свириш на повеќе инструменти, а тоа го видовме од карантинските кавери кои ги споделуваше. Можеш ли да одбереш еден како омилен?
Не можам да издвојам некој инструмент кој ми е поомилен од друг. Секако предначи виолината која е мој прв инструмент и која ми помогна во моето понатамошно истражување и совладување на другите инструменти како гитарата, пијаното.
# Кој ти ја пренесе љубовта кон музиката?
Љубовта кон музиката ми ја пренесе дедо ми кој исто така како млад имал своја група и свирел по игранки. Дедо ми ме научи да ја свирам хармониката и ми ги покажа првите акорди на гитарата.
# Кој го препозна твојот музички талент?
Мојот музички талент го препознаа моите родители, а и другите роднини затоа што јас уште од мал сакав да свирам на гитарата и хармониката на дедо ми. Но, на крајот моја желба беше да се запишам во основно музичко училиште во Гевгелија.
# Од колку години започна да се занимаваш со музиката и кој беше првиот инструмент кој го совлада?
Јас почнав да свирам уште пред да почнам на училиште и ме учеше дедо ми на мал синтисајзер. Од шест години почнав да одам на музичко училиште најпрво ја совладав виолината како иструмент, која таму ја изучував.
# Дали досега имаш запеано или си насочен само кон свирењето?
Од шесто одделение одев на хор и се уште одам, но самостојно имам пеено само на еден концерт на кој паралелно свирев на гитара и пеев француска песна.
# Имаш ли учествувано на некој музички натпревар, а воедно и освоено некоја награда?
Имам учествувано на натпревар по виолина на кој што за жал не успеав да освојам награда, добив пофалница, но затоа имам учествувано на неколку натпревари по солфеж на кои имам земено прво, второ и трето место.
# Последниот во низата кавери, ти беше оној за „Уште ми фалиш“ - дуетската песна на Александар и Дац. Колку ти значи тоа што и тие те споделија?
Јас искрено тоа не го очекував. Бев изненаден. Ми значи многу и сум многу среќен и задоволен поради тоа.
# Каде се гледаш за 10 години?
Тешко прашање, но би сакал да ми се оствари мојот сон да студирам во Франција и да ги остварам моите музички желби, а притоа да ги совладам музичките технологии.
# Кој хаштаг најчесто го користиш?
Како љубител на музиката, фотографијата, природата обично користам.
#nature #violin #guitar#music #landscape
Ивана Мисајловска