„Deepfake“ видеата полека го освојуваат ТикТок: Како да ги воочите?

„Deepfake“ видеата полека го освојуваат ТикТок: Како да ги воочите?

Една од најпопуларните платформи на светот, ТикТок, сега е домаќин на постојано продуцирање на „deepfake“ видеа.

„Deepfake“ се видеа во кои лицето или телото на личностите се дигитално изменети за да изгледаат како некоја друга личност - обично позната личност.

Еден пример е ТикТок профилот @deeptomcriuse, кој има објавено десетина „deepfake“ видеа во кои се претставува како Том Круз и кој привлече околу 3,6 милиони следбеници.


Во другиот пример, извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг признава договорено споделување на податоци. Неодамна се појавија и голем број глупави видеа со актери како што се Роберт Патинсон и Киану Ривс.

Иако „deepfake“ често се користат креативно или за забава, оваа технологија сѐ повеќе се користи во кампањи за дезинформации, за кражба на идентитети и за дискредитација на јавните и познати личности.

И додека технологијата потребна за нивната изработка е софистицирана, станува сѐ подостапна. 

Едно е сигурно - „deepfake“ видеата се тука, но како можеме да ги препознаеме?

Обично, првиот знак за „deepfake“ видео е дека ќе имате чувство како нешто да не е во ред. Ако го добиете тоа чувство, погледнете ги повнимателно лицата на субјектите и запрашајте се:

# Дали лицето е премногу мазно или постојат необични сенки на јаболкниците?

# Дали движената на капаците и устата изгледаат неповрзани, светли или на некој друг начин неприродни?

# Дали косата изгледа лажно? Моменталната „deepfake“ технологија се бори да го одржи оригиналниот изглед на косата (особено на брадата).

Контекстот исто така е важен:

# Запрашајте се што таа личност зборува или прави. Тука релевантно ќе ви биде сѐ што изгледа како карактер на таа личност.

# Онлајн пребарајте ги клучните зборови од видеото или личноста во него, бидејќи многу сомнителни „deepfake“ видеа се веќе откриени.

# Обидете се да ја процените веродостојноста на изворот. Ако сте на социјалните мрежи, дали некој е верифициран?

Многу од наведените совети се однесуваат на дигиталната писменоста и бараа од вас добро да расудите.

Како што можете да видите во видеото, ова не е некоја апликација или филтер, која ќе ви овозможи да го ставите своето лице на телото на некој актер во некоја филмска сцнеа.

Ова не може да го прави секој, бидејќи во прашање е софистициран софтвер кој бара одредено познавање на технологијата.

Оваа технологија ја користат и владите ширум светот, а неодамна имавме можност да го видиме и укранскиот претседател Володимир Зеленски во едно од овие видеа, бидејќи оваа технологија сѐ повеќе се користи како оружје во информациската војна.

Во случај да воочите „deepfake“ видео, немојте да го чувате тоа за себе. Секогаш споделувајте ги таквите работи, секако ако контекстот е негативен.

фото: Принтскрин / ТикТок

Можеби ќе ве интересира: