Деми Ловато ги избриша Селена Гомез и Ник Џонас од Инстаграм!
Деми Ловато направи „чистка“ на својот Инстаграм профил.
По потврдата дека е повеќе од 100 дена трезна, пејачката одлучи да направи уште неклку промени во својот живот. Таа престана да ги следи на Инстаграм некогашните нејзини најдобри пријатели, а први на листата се најдоа и Селена Гомез и Ник Џонас.
Релано за Селена и никој многу не се изненади бидејќи таа престана да ја следи Деми уште пред неколку месеци , но сè уште никој не ја знае причината зошто одлучи да престане да го следи и Ник Џонас со кого со години беше неразделна пријателка. Деми продолжи да ги следи неговите родители и неговите браќа Џо и Кевин.
Исто така од листата на пријатели Деми ја избриша и нејзината блиска пријателка Изи Азалеја.
Причината за оваа „чистка“ на Деми е веројатно тоа што пејачката сака од својот живот да ги исфрли сите токсични личности кои не ги поддржуваат нејзините цели. Таа создаде силна група за поддршка и започна со еден сосема здрав животен стил.
Фото:@ddlovato