Деми Ловато има нова тетоважа со прекрасно значење
Пејачката веќе има неколку тетоважи, а оваа новата е уште еден додаток на колекцијата тетоважи.
Поминаа десетина деца откако Деми Ловато се тетовираше, а сега повторно беше во посета на салон за тетовирање. Деми никогаш не се тетовира без причина и секоја тетоважа и значи нешто, па така и оваа, јавува Cosmopolitan.
На врвот на грбот истетовира ангел кој го водат гулаби. Оваа тетоважа е симбол на повторното раѓање.
„Тату“ мајсторот на Деми, Александро Капози, објасни како настанала оваа тетоважа:
„Тетоважата ја направивме заедно. Го симболизира повторното раѓање на духот. Темните крилја ги покажуваат лошите и тешки времиња, кои бледеат како ангелот се движи напред. Светлото кое доаѓа од ангелот ја прикажува внатрешната силна желба за промена. Гулабите пак го симболизираат достигнатата состојба на свеста. Ти честитам за инспиративнот пат кој го помина и драго ми е што работев со тебе“.