Деми Ловато повеќе нема да користи филтри: Знаете ли зошто?
Познатата пејачка Деми Ловато е благодарна што филтрите не постоеја кога имала 13 години. Ѕвездата со остар јазик, направи нешто што малкумина би го направиле: го објави своето обработено видео и откри што променила на истото. Зошто? Затоа што таа многу добро знае како е кога не си совршен, а мислиш дека треба да бидеш.
„Ова не се мои очи. Мојата кожа не е толку мазна. Дали ми треба ваков мал нос? Жал ми е што претходно ги користев овие филтри и не сфатив колку се опасни. Мило ми е што филтрите не постоеја кога имав 13 години, но како тинејџерите денес се сакаат себе си со сето ова?“ - без влакна на јазикот посочи Деми Ловато.
Деми го немаше од секогаш овој став. Користеше филтри, се изгладнуваше, имаше нарушување во исхраната, страдаше поради своето тело, па дури и заврши како зависник. Овој пекол го опиша во нејзиниот филм „Танц со ѓаволот“. Денес важи за кралица бидејќи сето тоа остана зад неа, а таа има храброст за храбро да ги покаже и стриите и целулитот и сите други свои несовршености.