Деми Ловато за Ариана Гранде: Таа е пријател за цел живот
Деми Ловато може да има малку чуден избор кога се во прашање пријателите, бидејќи многумина ја оставија на цедило кога ѝ беше најтешко и кога претера со дрогата на кобната ноќ кога едвај преживеа. Исто така, таа често зборува за својата поранешна пријателка Селена Гомез, како за некој кој не бил ни нејзин вистински пријател, а Селена сега многу повеќе се дружи со нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт. Сепак, Ариана Гранде е толку добра пријателка на сите што Деми ја нарекува некој што е во нејзиниот живот засекогаш!
Имено, Деми ја доби честа да сними дует со Ариана, „Met him Last Night“, за нејзиниот нов албум, кој веќе собира многу пофалби. Во меѓувреме, Деми ја пофали Ариана и како соработник и како личност! Сè започна кога обожавателите ги нарекоа Деми и Ариана - Дариана, како нивен заеднички прекар.
„Чест ми е што гледам како се меша моето име со некој кој ќе биде мој пријател засекогаш, тие ми го мешаа името со луѓе кои веќе долго време не се во мојот живот, и тоа ме растажуваше, но знам дека Ариана во мојот живот ќе остане засекогаш. Ја сакам Дариана“ - рече Деми.
Многумина обожаватели на Селена навистина се најдоа навредени од овие зборови, затоа што сметаа дека Деми се обиде да го спушти прекарот Делена (Деми + Селена) затоа што повеќе не е во животот на Деми, но Деми веројатно повеќе мисли на своите поранешни момчиња отколку на нејзините поранешни другарки.
Аријана, во меѓувреме, ужива во друштво на својот свршеник Далтон Гомез, кого во новиот пост на Инстаграм го нарече „моето срце, мојот човек“ и напиша „Многу ми е мило што си тоа што си!“ Ариана и Далто н на фотографиите уживаат покрај камин, а на другите фотки се гушкаат и се бакнуваат во образ!