Денес е една од најзгодните пејачки на српската естрада, а некогаш изгледала поинаку: Се појави шокантна фотка од Теа Таировиќ
Атрактивната кралица на бакшишот порано изгледала поинаку...
Некогашната учесничка во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, Теа Таировиќ, стана една од најбараните и најпопуларните пејачки во регионот. Теа благодарение на своите постојано ангажмани на приватните прослави беше прогласена и за „кралица на бакшишот“, а следбениците секојдневно ги споделуваат нејзините фотографии и видеа од настапите - делумно поради мини здолништата во кои танцува, делумно поради парите кои посетителите ѝ ги даваат.
Неодамна на Интернет се појави видео од еден нејзин настап во музичкото натпреварување, а сега се појави и фотка од почетокот на нејзината кариера, на која изгледа поинаку отколку сега.
Од 2013 година, од кога ја видовме за првпат на сцената на „Гранд“ па до денес, пејачката се има многу променето: ги корегирала усните, забите, градите, а ја променила и бојата на косата.
Во продолжение погледнете ја фотката за која сите зборуваат: