Денес е едно од најпознатите телевизиски лица и девојка на синот на моќен политичар: Дали го препознавате девојчето од фотографијата?
Некогаш и сега - дали ја препознавате убавицата од фотографијата?
Знаете ли која е слатката мала дама од фотката? Тогаш имала едвај две години, а веселото, насмеано девојче е во прегратките на својата мајка Жана. Сега е јасно од кој ја има наследено убавината една од најубавите водителки на Балканот.
Ако уште не успеавте да погодите, ќе ви откриеме - станува збор за Марија Килибарда. Убавата водителка, која своевремено го водеше познатото шоу „Твоето лице звучи познато“, објави фотографија од раното детство. Со истата ги воодушеви следбениците, а комплиментите не престанаа да се редат.
„40 години порано. Мама е иста, јас малку пораснав и пуштив коса“ - напиша низ мала шега на своја сметка.
Марија често истакнува дека нејзината мајка ѝ е голема поддршка. Госпоѓа Жана има уште две ќерки, Оливера и Јована.
фото: Принтскрин / Инстаграм