Денес е петок 13 - ти: Доколку сакате да избегнете несреќа, не ги правете овие работи

Денес е петок 13 - ти: Доколку сакате да избегнете несреќа, не ги правете овие работи

Објавена во: Живот // Живот

Дали сте суеверни или не, петок 13, некако на сите им влева страв...

Петок 13, се смета за најбаксузен ден, кога сето она што не ви оди од рака, станува уште покомплицирано.

Дали сте соуверни или не, многумина кога ќе слушнат дека е петок 13, очекуваат да се случи нешто лошо.

За бројот 13 се верува дека носи лоша несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предаде Исус, се тврди дека бил 13 - от гостин на последната вечера, па дури и денес се смета дека не е убаво да се биде 13 - ти гостин на масата.

Дека нешто со петокот не е во ред се верувало и во Средниот век, кога тој ден не се одржувале венчавки. Во скандинавската митологија, една важна вечер за боговите ја расипал 13 0 от гостин, по име Локи и поради тоа на целиот свет завладеал мрак.

Празноверијата во врска со бројот 13 се многу распространети и денес - во некои хотели не постои соба со тој број, а во некои авиокомпании решиле да ја исфрлат плочката со несреќниот број од редовите на седиштата на кој би требало да стои. Во многу болници често не постои соба број 13, а во Фиренца куќите кои се наоѓаат помеѓу броевите 12 и 14, се означени со бројот 12 ипол.

Некои од бизарните верувања поврзани со овој датум се:

# Доколку на овој ден одите на погреб, вие следни ќе умрете.

# Детето кое е родено на петок 13 - ти, ќе го следи лоша среќа.

# Бродовите кои на овој ден пловат ќе имаат несреќа на патот.

# Ако на овој ден ја оставите торбата на подот ќе изгубите многу пари.

# Верувањето вели дека денес не би требало да одите на пат и да започнувате нова работа.

# На петок 13 - ти, не треба да започнувате ни љубовна врска, ниту да склопите брак, бидејќи ќе биде баксузен.

# Избегнувајте ножеви, ножици и остри предмети, бидејќи може да се повредите.

# Верување е и дека денес не треба да одите на шишање, бидејќи може да умре некој од семејството. 

Сепак и покрај овие работи, петок е омилен ден во неделата, бидејќи не носи кон викендот па најдобро е да заборавите на суеверијата и да се препуштите на убавината на овој ден и на него да гледате како на секој друг петок во годината.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: