Денес е важен ден за семејството Живојиновиќ: Пријовиќ ги разнежни сите со објавата за првиот ден во градинка на наследникот
Не го криеја воодушевувањето...
Познато е дека пејачката Александра Пријовиќ редовно известува своите следбеници за настаните во нејзиниот живот, бидејќи поради пандемијата, младата фолкерка поминува многу повеќе време со своите најблиски.
Имено, Пријовиќ објави фотографија со својот син, а причината е тоа што тргна во градинка. На фотографијата е малиот Александар, кој најверојатно е фатен за рака со неговиот татко Филип. Пејачката објави и емотивен текст со споменатата фотографија и ги разнежни сите.
„Прв ден во градинка! Среќно љубов наша“ - стоеше во описот на фотографијата.
По овој повод и баба Брена коментираше на објавата.