Денес, кога станувам пионер: Како изгледаше најважниот ден во животот на првачињата?

Денес, кога станувам пионер: Како изгледаше најважниот ден во животот на првачињата?

Објавена во: Совети // School zone

Една од најголемата чест на секој основец кој започнува да оди во прво оддление, пред повеќе од 30 години на нашите простори, беше полагањето на пионирските заклетви.

Сеќавањето на тие денови во едно видео на Фејсбук ги споделил Дејан Бошњак од Зрењанин. Во описот на видеото навел дека истото настанало во 1972 година, а станува збор за генерација првачиња родени 1965 година. 


Убаво облечени, насмеани, со црвена марама околу вратот, првачињата нетрпеливо чекале да ги изговорат познатите зборови од заклетвата: „Денес, кога станувам пионир, давам чесен пионерски збор: Дека внимателно ќе учам и работа, ќе ги почитувам родителите и постарите и ќе бидам верен и искрен другар, кој се држи до дадениот збор. Дека ќе ја сакам нашата татковина самоуправната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, ќе го чувам братството и единството, сите нејзини народи и националности и ќе ги ценам сите луѓе во светот кои сакаат слобода и мир!“

Оваа видео снимка ги освои симпатиите кај многу луѓе на социјалните мрежи и како што многумина имаа наведено, ова видео е сеќавање на едно убаво, безгрижно и среќно време.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: