Денес настапува низ цела Македонија: Ивона Јо особено се истакна во „Ѕвездите на Гранд“, но знаевте ли дека беше и на „Идол“? (ВИДЕО)
Младата пејачка која во моментот е актуелна по борбата со вишокот килограми уште од мали нозе ја има одбрано својата професија...
Кумановката Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, поголемиот дел од македонската јавност ја запозна од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Град“. За првпат на голема сцена застана во сезоната 2014/2015, каде со својот глас ги остави без зборови членовите на жирито.
Еден од настапите кој особено се издвојува е оној на кој ја пееше песната „Роџени“ од Калиопи Букле, но за жал не успеа да се најде во финалето, а критиките на сметка на нејзиниот изглед изгледа беа пресудни за оваа одлука.
По една година пауза во сезоната 2017/2018 година повторно се пријави во ова музичко натпреварување. Гласот и овој пат не беше причина да стигне до финалето, а изгледот повторно беше главен кога е конечната одлука во прашање.
Но, знаете ли дека ова не е прво музичко натпреварување во кое младата кумановка има учествувано. Имено, Ивона уште на 14 години застана пред малите екрани и тоа во музичкото натпреварување „Македонски идол“.
Како звучела и како изгледала Ивона на 14 години, погледнете во продолжение:
Инаку, Ивона изминатите месец го држи вниманието на јавноста по интервенцијата во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот и по која ослабe повеќе од 63 килограми.
фото: Принтскрин / Јутјуб