Денес сите се „тепаат“ за оваа манекенка: Ја нарекувале стаорец, гремлин, демон, а една средба на пазар ѝ го променила животот (ФОТО)

Денес сите се „тепаат“ за оваа манекенка: Ја нарекувале стаорец, гремлин, демон, а една средба на пазар ѝ го променила животот (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Никогаш во животот не ни помислила дека би можела да стане манекенка. На крајот на краиштата, откако знае за себе, е навредувана и исмевана поради својот изглед. А, потоа...

Најуспешните модели на светот обично се вклопуваат во некој шаблон - имаат нежно и сензуално лице како Кејт Мос, нескротлива сексипилност како Кејт Аптон или едноставно само се совршенство што оди како Бела Хадид.

Меѓутоа, девојката за која велат дека ќе биде следниот најголем американски супермодел не се вклопува во ниту еден од овие кругови. Таа е толку единствена што никој не може со сигурност да ја опише нејзината убавина. Ги користат зборовите „необична“ и „вонземска“, а таа уште на прв поглед се издвојува од морето слични манекенки.

Моли Бер (25) денес влегува во смаиот крем на светскиот моделинг и се појавува во многу изданија на магазините „Вог“ и соработувала со брендовите „Miu Miu“, „Fendi“, „Vera Wang“, „Chanel“, „Alexander McQueen“, „Moschino“, „Prada“, „Kenzo“, „Loewe“, „Bottega Veneta“, „Stella McCartney“... листата е огромна! Се шетала на нивните ревии, снимала кампања, а лудилото по неа едноставно не престанува.

Интересно е тоа што Моли како девојче никогаш не ни помислувала дека би можела да стане манекенка.

Родена е во Филаделфија на 25 април 1997 година, а како дете често била мета на навреди од страна на врсниците, а најмногу поради својот изглед. Многу е висока, многу е слаба и често ја нарекувала „чудна“ поради изразените очи и несекојдневните црти на лицето.

„Никогаш не би можела ни да помислам дека девојката која цело детство имала споени веѓи, очила и маица со Јода, еден ден ќе биде во листата на италијанскиот Вог“ - изјави Моли во една прилика.

Како што објасни, таа го прифаќала тоа што ја нарекувале вонземјанец, гремлин, стаорец, демон и се помирила со тоа.

Меѓутоа, сѐ се променило 2014 година, кога на еден локален пазар Моли сретнала агент од компанијата „The Society Management“, њујоршкото одделение на агенцијата „Elite“. Во прашање е куќа која се грижи за кариерите на најуспешните ѕвезди во моделингот, помеѓу кои е и Андриана Лина.

Добила понуда која за неа била, најблаго кажана, изненадување - да стане манекенка. Моли најпрво помислила дека во прашање е шега, но откако нејзината мајка ја „изгуглала“ оваа агенција, сфатила дека животот ѝ подготвува нешто чудно.

Се согласила да си ја проба среќата, почнала да работи, а веќе во 2015 година ја добила првата голема можност и се прошетала на Модната недела во Њујорк.

„Многу работи на моето тело се навистина чудни. Но, верувам дека е важно да се оддалечиме од традиционалните модели. Верувам дека можам да оставам белег покажувајќи дека модата не е наменета само за типично лице. Немам ништо против девојките кои изгледаат така, но мислам дека би било неверојатно да се прифатат луѓето од сите облици, големини, типови на лице и сѐ останато“ - смета Моли Бер.

Таа признава дека им дозволила на луѓето ѝ „влезат во главата“ и премногу се грижела за тоа што другите мислат за нејзиниот изглед.

„Сега, очигледно сум среќна“ - денес истакнува Моли.

фото: Принтскрин / Инстаграм / Профимедиа

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: