Денис - момче со оштетен вид ѝ ги стопли срцата на публиката на концертот на ДНК: На бината настапи заедно со неговите другарчиња со попреченост (ВИДЕО)
Дуото ДНК во четвртокот имаа концерт во Кисела Вода, а како што Панчо напиша, ѕвезда на вечерта биле Денис и неговите другарчиња со попреченост.
- Ова е Денис, момчето со оштетен вид кое на сите нам ни ги стопли срцата со неговата кавер изведба на “Ако утре ме нема”. Вчера на нашиот концерт во општината Кисела Вода, беше наш специјален гостин каде во живо ја испеа песната и дефинитивно беше ѕвезда на вечерта и беше испратен со огромни овации и громогласен аплауз. Да не ги заборавиме и неговите другарчиња со посебни потреби кои на бина заедно со него ја толкуваа песната со знаци-превод за глуво немите лица.
Фотки и видео:
Тој им се заблагодари на сите присутни од срце за епската вечер која не ја спрчи ниту дождот за да останат до самиот крај во огромен број.
- Вие накиснати, ние преиспотени но на крај заеднички срцата полни од среќа и радост. Ви блаогдарам за поддршката - напиша Панчо ДНК.