Денот кога се запознавме го паметам до детаљ: Јелена Спенџарска за првпат открива детали од врската (ФОТО)
Максимално ужива во љубовта...
Веќе неколку месеци на познатата водителка Јелена Спенџарска ѝ цветаат рози, барем кога е љубовниот живот во прашање. Имено, таа е во врска на далечина, а нејзиниот избраник живее во Солун, каде што живее и работи.
Сега, на неколку дена пред Денот на вљубените, пејачката на својот Инстаграм профил реши да поразговара со своите обожаватели на темата љубов. Имено, таа им остави можност да ѝ поставуваат прашања поврзани со љубовта, на кои таа даваше и повеќе од исцрпни одговори.
Едно од прашањата кое привлече најголемо внимание беше она како се запознала со момчето.
„Нашето запознавање се случи буквално од нигде-никаде, есен сосема обичен ден додека бев на одмор во Грција. Денот го памтам до детаљ, но последно нешто на кое се надевав дека ќе запознаам човек кој комплетно ќе ми го промени животот! Имаме многу интересна прикзна за тоа како се споивме, многу чудни ситуации ни се случија и на двајцата неколку дена пред воопшто и да знаеме дека постоиме еден за друг, но како велат - НЕМА НИШТО СЛУЧАЈНО, па така подоцна сфативме ЗОШТО СЕ СЛУЧИЛО ТОА ШТО СЕ СЛУЧИЛО. Да скратам, долгата приказна ја чуваме за себе, важно е дека животот не спои и уште поважно, кога ми велеле луѓето кога ќе го сретнеш вистинскиот - ќе знаеш, јас не верував во тоа... Ама ете сега го почувствував истото и конечно ЗНАМ“ - одговори водителката на прашањето кое ѝ го постави на еден од следбениците на Инстаграм.
Потоа следуваа уште неколку интересни прашања, а најинтересните ви ги издвојуваме во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм