Денот на вљубените го помина со Душко во Турција: Еве како се забавуваше Карлеуша
Пејачката е кај сопругот во Турција...
Јелена Карлеуша во моментов е во Турција кај нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, кој од оваа сезона игра во Касимпаш, Турција.
Вчера, на 14 февруари, Јелена отпатува за Турција, каде го помина Денот на вљубените со нејзиниот сопруг, додека денес тие двајца уживаат во друштво на неколку пријатели, меѓу кои и соработникот на Карлеуша и пријател Зоран Бирташевиќ.
Пејачката на својот Инстаграм профил објави снимка од ресторан каде наздравуваат заедно со сопругот и пријателите, а потоа и заедничка фотографија на која сите позираат.
Карлеуша за оваа прилика носеше кремаста блуза и чанта на едното рамо, додека Душко беше во црна ролка, а на главата имаше капа во иста боја. И додека другите наздравуваа, очигледно со малку вино, Тошиќ најверојатно избра безалкохолен пијалок, судејќи според чашата.
Како што е познато, Јелена е обожувана во Турција, а кога Душко започна да игра за Бешикташ пред неколку години, фановите на клубот се вљубија во пејачката и ја нарекуваа „снашке“. Таа има многу обожаватели од оваа земја, а многумина беа задоволни од нејзиното враќање.
Погледнете како Јелена и Душко уживаат со пријателите во Турција: