Десет знаци со кои вашето куче ви посочува дека ве сака: Не ви се причинува и кучињата знаат да се смеат
Кучињата сакаат безусловно и тоа е добро познато, но љубовта кон своите сопственици најчесто ја искажуваат на овие десет начини:
# Ве гледа директно во очи
Долгиот, непрекинат контакт со очите е покажазател за љубов, доверба и чувство на сигурност. Ова важи и за луѓето и за кучињата. Одржувањето контакт со очите не е корисно само кај тренирањето на кучињата - таквиот начин на комуникација може да ви помогне да развиете длабока врска со вашето домашно милениче. Кога кучето ќе ве погледне во очи, неговиот мозок ослободува окситоцин. Познат како љубовен хормон, окситоцинот е истиот хормон кој го прозиведува мајката кога се поврзува со своето бебе.
# Се потпира на вас
Исто како и кога одржувате контакт со очите, веројатно нема да се потпрете на некој што не го познавате или на некој на кој не му верувате, а нема ни вашето куче. Без разлика дали на подот или на каучот, ако вашето куче е потпрено на вас, тоа значи дека се чувствува безбедно, заштитено и целосно опуштено.
# Спие во вашата спална соба
Доколку не му дозволувате на вашето куче да спие во вашиот кревет, но и понатаму спие во вашата соба, тоа значи дека навистина ве сака. Зошто? Потребата да биде во ваша близина додека спиете укажува на тоа дека кучетото е потполно поврзано со вас и дека не сака да биде одвоено.
# Многу е среќно кога ќе се вратите дома
Ви скока ли, ви ги лиже ли рацете и лицето, ви ја носи ли својата омилена играчка или дури малку се подмочува од возбуда кога ќе се вратите дома од работа, училиште или од пазарување? Очигледно е дека е потполно воодушевено што ве гледа, а многу е веројатно дека и вие сте среќни што повторно го гледате вашиот миленик.
# Ги носи наоколу вашите чевли и носени чорапи
Кучињата кои се поврзуваат со своите сопственици исто така го сакаат и мирисот на сопственикот и со задоволство се вовлекуваат помеѓу неговите чевли, во корпата со валкана облека во потрага по носени чорапи, маици или друга облека. „Кражбата“ на чевли и валкана облека не е нешто добро, особено доколку вашето куче сака да ги гризе, но тоа можете да го спречите доколку на кучето му дадете доволно интересни играчки или полнети коски за кучиња кои ќе му го одвлечат вниманието.
# „Проверува“ дали сте во истата просторија
Кучињата кои се повеќе независни можеби нема секогаш да бидат со вас или да лежат покрај вашите нозе, но тоа не значи дека не ве сакаат. Доколку ве „проверуваат“ од другата соба, за време на прошетката или кога сте во некое ново окружуање, тоа значи дека сака да знаете дека сте во близина.
# Бара физички контакт
Веројатно сте читале дека кучињата не сакаат кога луѓето ги прегрнуваат, а една студија тврди и дека го докажала тоа. Но, таа студија се засноваше на набљудувањето на еден истражувач и немаше основа во точната наука. Вистинската вистина е дека кучињата всушност го сакаат физичкото изразување на љубов и честопати го бараат тоа од луѓето кои ги сакаат.
Тоа не значи дека своето куче мора (пре)цврсто да го прегрнувате, зошто и нежната прегратка, галење и наједноставниот физички контакт на вашиот миленик ќе му даде до знаење дека сте цврсто поврзнаи.
# Мочка кога ќе ве види
Не, тоа не значи дека заборавил дека не смее да врши нужда дома. Кучињата, особено кученцата, знаат да мочкаат кога се возбудени. ваквото однесување е познато како потчинето мокрење, а таа мала несреќа е всушно комплимент - тоа значи дека вашето куче знае дека вие сте главни!
# Ви ги носи своите најомилени играчки
Доколку кучето ви ја носи својата најдрага играчка, тоа не мора да значи дека само сака да си игра. Со оглед на тоа дека ве гледа како лидер, тој всушност ви ја носи највредната и најсаката работа која ја поседува. Нели тоа е најголема чест?
# Ви се смее
Не, тоа не е само ваша фантазија. Некои кучиња всушност учат како да се смеат, повлекувајќи ги усните наназад и откривајќи голема, широка насмевка со заби. Доколку му одговорите на гестот на вашето куче со исто така широка насмевка и среќен глас, ќе му покажете на вашето куче дека и вие го сакате него.
фото: pexels.com