Десетгодишниот син на Бен Афлек предизвика сообраќајна несреќа: Сѐ се случило додека татко му и Џеј Ло пазарувале (ФОТО)
Момчето седнало зад воланот на вклучениот автомобил и само неколку секунди подоцна дошло до инцидент...
Самјуел Афлек (10), синот на актерот Бен Афлек и актерката Џенифер Гарнер, предизвика помала сообраќајна несреќа на улиците на Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.
До инцидентот дошло во неделата, кога Афлек и неговата вереница и пејачка, Џенифер Лопез излегле од автомобилот за да влезат во блискиот салон за автомобили и го оставиле возилото вклучено. Во меѓувреме Самјуел седнал зад воланот и несакајќи се удрил со автомобил БМВ, кој бил паркиран зад него.
Имено, момчето тргнало во рикверц, по што Афлек му пришол на своето „ламборџини“ за да го изгаси.
Како што јавуваат странските медиуми, актерот потоа го утешил синот и го прегрнал, а потоа е видена и Џеј Ло како го држи 10-годишното момче за рака.
Moment Ben Affleck's son Samuel, 10, BUMPS his Lamborghini into a BMW after his dad let him behind the wheel during outing with Jennifer Lopez
— Lilian Chan (@bestgug) June 27, 2022
The incident took place at 777 Exotics in Los Angeles on Sunday
Affleck was seen comforting his son with a hug pic.twitter.com/xrCkCaae5l
Од ПР-от на Афлер за „TMZ“ кажаа дека немало штета и дека се чувствуваат добро по инцидентот.
Moment Ben Affleck's son Samuel aged TEN drives a Lamborghini into a BMW https://t.co/d7usnOIxHG
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) June 27, 2022
фото: Принтскрин / Твитер