Десетте заповеди на пријателството: Никогаш не смееш да ги прекршиш овие работи
Како да склопиш нови пријателства или како да ги подобриш односите во постоечките? Постојат многу мудрости кои помагаат во зацврстувањето на пријателските односи.
Во продолжение со вас ги споделувате 10 т.н. заповеди, односно совети, за тоа како да ги подобрите односите во вашите пријатели или како да склопите нови пријателства, доколку наскоро менувате средина.
# Не прави го она што не сакаш другите да ти го прават на тебе!
Оваа реченица најчесто ја слушаме од нашите баби и дедовци. Со текот на времето, кога ќе пораснеш и ќе почнеш да сфаќаш колку некои ситуации може да те повредат тебе, дури тогаш ќе го сфатиш значењето на оваа реченица.
# Стравот од нови познанства е само во твојата глава.
За сите оние кои имаат проблеми при запознавањето нови пријатели, вистина е дека нема од што да се плашат. Доколку мислите и чувствувате страв дека нема да бидете прифатени во некое друштво, тогаш тоа друштво не ве заслужува вас, а ниту вие него.
# Секогаш почитувај го туѓото мислење!
Ја знаеш ли онаа ситуација кога ќе се почувствуваш помалку вредно, бидејќи другите не се сложуваат со твоите ставови? Така и другите се чувствуваат кога ќе се најдат во истата ситуација. Но, постои решение и за тоа! Секогаш почитувај го туѓото, но на крајот на краиштата цени го и своето мислење и јасно нагласи го тоа.
# Не дозволувај мислите да ти бидат побрзи од умот.
Постојат милион примери кога можеби и ненамерно, сме кажале зборови поради кои подоцна сме зажалил и сме повредиле некој. Промислено одбирајте ги зборовите и на тој начин личноста ќе сфати дека имате почит кон другите.
# Биди „open - minded“!
Еден дел од оваа заповед е тоа да не им судиш на луѓето според надворешноста. Надворешниот изглед навистина придонесува за првиот впечаток, но вистината се крие токму во внатрешноста. Освен тоа, ова го назначува фактот дека секоја ситуација треба да ја набљудуваш од различни аспекти што на околината треба да и даде впечаток дека ги цениш и двете страни на една личност.
# Внимателно слушај ги другите!
Една од најиритантните работи е кога му се отвараш на некој, а тој некој воопшто не те слуша. Без оглед на тоа што мислиме дека тоа не се гледа, невербалната комуникација наголемо ја назначува количината на незаинтересираноста на личноста која не внимава на разговорот. Ислушај ја секоја приказна, доживување, спомен, па на крајот процени колку лесно ти било да ја ислушаш.
# Комуникацијата е клуч за добриот однос.
Постојат разни несогласувања, кавги, непочитување и несогласување, но комуникацијата навистина е клуч на сите односи. Колку и да не ти делува така во моментите на лутина, потребно е да се направи осмислен разговор со ладна глава, каде на крајот ќе се дојде до совршен компромис и подобрување на односите.
# Биди свој!
Најлошата репутација за себе можеш да ја создадеш со лажење и преправање. Тие ситуации навистина не се потребни за создавање на добри пријателства. Кога ќе се покажеш и покажеш вистинскиот ти, тоа ќе го привлече и вистинскиот пријател на кој ќе му се допаднеш токму таков каков што си, без глума и преправање.
# Пријателот е секогаш најдобар учител.
Градењето на односот и учењето на истиот е најдобро животно училиште. Некои работи нема да можеш да ги научиш од книги, туку најдобро ќе ги научиш од најдобриот пријател кој со своите совети и искуства ќе ти помогне да ги решиш сите проблематични ситуации.
# Биди рамо за плачење.
Некогаш имаш проблеми кои не можеш да им ги кажеш на родителите. Тогаш на распологање ти останува најдобриот пријател кој ќе ги сослуша сите твои проблеми и на крајот на краиштата ќе ти биде рамо за плачење во разни ситуации. Луѓето ги ценат малите работи, а оваа ситница може само позитивно да влијае на вашиот однос.