Детали од роденденска забава на синот на Брена: Неколку пејачки ги забавуваа гостите, а за микрофонот се фати и Пријовиќ (ФОТО)
Наследникот на Брена и Боба наполни 24 години, а роденденот го прослави покрај најмилите...
Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор, го прослави 24-от роденден, а за забавата се облече во црн костум, па воедно покажа дека ја има доведено линијата до совршеноство. Видеата и фотографиите од прославата скоро па го имаа преплавено Инстаграм.
Вниманието секако го имаше славеникот, особено во моментот додека ги дуваше свеќичките на роденденската торта.
Александра Пријовиќ се фати за микрофонот и ги забавуваше гостите, а потоа и Лена Чолак, која подоцна објави фотографија со славеникот.
„Среќен роденден брату“ - напиша на објавата пејачкaта.
На роденденот на Виктор пееше и младата пејачка Милица Јокиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм