Детали од животот на момчето на Анастасија Ражнатовиќ: Студирал во САД, а ќерката на Пикси му била цимерка

Детали од животот на момчето на Анастасија Ражнатовиќ: Студирал во САД, а ќерката на Пикси му била цимерка

Објавена во: Живот // Живот

Ѓорѓе за јавноста е вистинска мистерија, бидејќи пејачката, почитувајќи го договорот со него, не споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи...

Пред четири години, веста дека Анастасија Ражнатовиќ е заљубена одекна во јавноста. Сепак, за разлика од претходната врска, оваа ја држи далеку од љубопитните очи, па таа и Ѓорѓе може да бидат „уловени“ заедно само на големи семејни настани, како што беше случајот на венчавката на нејзиниот брат Вељко.

Денес, врската ја негуваат во Нови Сад, и повторно - далеку од очите на јавноста, и за сето тоа време, во јавноста се појавија само „неколку детали“ од неговиот приватен живот. Одлуката на Куљиќ да не се експонира во јавноста, младата пејачка ја почитува, иако на некој начин предизвикува уште поголема љубопитност кај обожавателите, кои сакаат да ги видат среќни и заедно.

Ѓорѓе не сака да биде во медиумите, тој не работи работа што ја вклучува јавноста и нема потреба да се експонира преку мене, ниту пак сака“ - објасни Анастасија во една прилика, како гостин во емисијата „Сценирање“. „Ја почитувам неговата одлука, и јас самата верувам дека е подобро барем тој дел од животот да го зачувам само за нас двајца.“

Освен што тој е момче на една од најпопуларните млади sвезди и дека живее во Нови Сад, јавноста знае и дека тој се школувал во Њујорк, каде што цимерка му била ќерката на Пикси, Ања Валенте, која откри детали за тоа пријателство на нејзиниот профил на Инстаграм.

„Го мразев кога го запознав, а потоа тој ми стана како брат. Тој ги „украде“ сите мои пријателки, сакав да ми биде деверуша, но тоа ќе биде чудно. Поминаа скоро 15 години од сето ова, и сè уште не знам како сè уште не сме го посвоиле“ - напиша таа во честитката за неговиот 30 - ти роденден.

Анастасија, од друга страна, е во толку убави односи со него што времето како да и лета кога се заедно.

„Имав 18 години кога започнавме да се забавуваме. Можам да кажам дека времето прелета… Мислам дека личноста во суштина не се менува и дека оној што е со тебе не треба ни да се обидува да те промени. Се разбира, нормално е човекот, самиот по себе, да се промени за четири години. Исто така, верувам дека врската со него многу придонесе за тоа, но не во смисла на „промена на мојата суштина“, туку созревање“ - изјави еднаш Анастасија за „Hello“. „Ѓорѓе, сепак, е постар и поискусен. Сакала или не, научив многу додека одев покрај него и на некој начин созреав. Нема ништо поубаво од тоа кога во одреден момент сфаќате дека растете со некого, дека сте постојано мотивирани да бидете најдобрата верзија за себе, да бидете свои и истовремено прифатени.“


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: