Детали за гала прославата по повод роденденот на Анастасија: Гудељ ќе пристигне од Шпанија, ќе ги запознае Цеца и Вељко
Учествуваше во сите сегменти од организацијата, од изборот на музика до декорациите, но и торатата...
Младата поп ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ во среда, на 25 мај, ќе наполни 24 години, а по тој повод се организира голема прослава.
Како што дознава „Телеграф“, роденденската забава ќе биде организирана во еден ресторан во српската престолнина, каде ќе се собере семејството, пријателите на Анастасија, но и момчето Немања Гудељ, кој од Шпанија ќе допатува специјално поради оваа свеченост.
„Анастасија е многу возбудена, веќе десетина дена се занимава со организацијата за таа вечер сѐ да биде беспрекорно. Учествуваше во сите сегменти, од изборот на музика до декорацијата, но и торатата“ - раскажа добро известениот извор и додаде:
„Нејзиното момче Немања Гудељ, доаѓа од Шпанија за да присуствува на нејзиниот роденден. Воедно, тоа ќе биде идеална прилика да се запознае со Цеца и Вељко“ - завршува изворот.
Како што дознава „Телеграф“ на списокот со гости се и многу позанти личности.
фото: Принтскрин / Инстаграм