Детали за свадбата на Вељко и Богдана: Чија венчаница ќе носи и дали ќе го земе презимето Ражнатовиќ?

Детали за свадбата на Вељко и Богдана: Чија венчаница ќе носи и дали ќе го земе презимето Ражнатовиќ?

Објавена во: Живот // Живот

Она што српската јавност, а исто така и целиот регион, нетрпеливо го очекува е венчавката на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ која ќе случи во недела, на 24 ноември, денот кога парот ќе го изговори судбоносното „ДА“ во Белград.

Свадбата на синот на цеца и неговата избраничка која е во блажена состојба многумина ја нарекуваат „свадба на деценијата“, а она што е познато е дека истата ќе биде според сите традиционални обичаи.

Како што веќе објавија српските медиуми, задолжителен е дрес кодот кој беше акцентиран на поканите за венчавката, па така припадничките на понежниот пол ќе мора да бидат облечени во елегантни, долги фустани, а мажите во свечени одела. Гламурозно ќе биде од почеток до крај, бидејќи фолк ѕвездата се погрижила за секој детаљ.

Она што јавноста ја интересира најмногу е венчаницата на идната снаа, а како што се пишува, за Богдана венчаницата ја направил дизајнерот Бојан Петровиќ. Цеца ќе носи фустан од долгогодишната пријателка Милена Џиновиќ, сопругата на Харис Џиновиќ.

Избраничката на Вељко по изговореното „ДА“ ќе го земе презимето Ражнатовиќ, па така од недела ќе биде Богдана Ражнатовиќ.

Прославата ќе биде организирана во елитен хотел во Нов Белград, каде во 19 часот ќе биде и граѓанското венчавање. На церемонијата ќе бидат соберени околу петстотини гости, меѓу кои и звучни имиња од јавниот живот.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: