Дете висело на прозорец од осми кат: Еден случаен минувач направил нешто неверојатно (ВИДЕО)
Детето висело на прозорецот на 8-ми кат од стамбена зграда, а еден случаен минувач направил вистинско херојско дело...
Сабит Шонтакбаев (37) од Казахстан е пофален од медиумите за неговите херојски напори да спаси мало дете од неизбежен пад од осми кат во станбена зграда.
Сабит бил на пат на работа кога се случил алармантниот инцидент. Кога Сабит ја дознал причината за метежот, брзо презел акција. Видел бебе кое виси на прозорецот. Истрчал во зградата и тропнал на вратата од станот под детето.
Наводно, тригодишното девојче останало сама, додека мајката заминала на пазарување. Девојчето со помош на перница се качило на прозорецот пред да се лизне.
„Во тој момент не размислував за ништо, само сакав да му помогнам на детето“ - изјави Шонтакбаев.
„Потоа, веднаш продолжив на работа со мојот пријател. Никој не знаеше дека ова ќе се случи. Само што спасив детето, веднаш почнаа да ме нарекуваат херој во вестите и на социјалните мрежи. Моите постапки не ги сметам за херојски. Според мене, секој треба да подаде рака во вакви ситуации“ - додаде тој.
Како признание за храброста, на овој херој му беше доделен трособен стан. Целото негово семејство, кое вклучува три ќерки и еден син, сега може да се пресели во градот.
фото: Принтскрин / Јутјуб