Детекторот за лаги ја откри вистината: Мили Боби Браун призна кој актер лошо се бакнува (ВИДЕО)

Детекторот за лаги ја откри вистината: Мили Боби Браун призна кој актер лошо се бакнува (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Еден актер со кој глумеше и не е многу добар во бакнувањето..

Мили досега зад себе веќе има поприлично многу добри улоги во филмовите и сериите во кои се појави, а во некои од нив мораше и да се бакнува со други актери. Бакнежот со еден актер опиша како лош.

Мили Боби Браун е актерка за која моментално се зборува. Сите нѐ освои во серијата „Stranger Things“, а сега излезе и новиот филм на Нетфликс со неа во главна улога „Enola Holmes 2“. Слатка е и симпатична, тешко е дека нема да му се допадне на некој. Никогаш не е поврзана со некои драми и скандали и затоа сите ја сакаме.

Гостуваше на Јутјуб каналот на „Vanity Fair“, каде ја приклучија на детектор за лаги и ѝ поставуваа различни прашања, а едно на сите им падна во очи. Уште во едно од претходните интервјуа кажа дека не е обожавател на бакнувањето, бидејќи својот прв бакнеж го имала токму пред камерите и бил лош. Станувало збор за бакнежот со Фин Волфхард со кој глумеше во „Stranger Things“. БИдејќи сега има и момче и повеќе искуство во бакнувањето ја прашаа дали Фин навистина е толку лош во бакнувањето. „Да, лош е во бакнувањето“ - одговори Мили и тоа беше вистина, бидејќи детекторот за лаги го потврди тоа.


Ја прашаа дали со текот на времето се поправил и тука уште еднаш беше брутално искрена: „Не, со мене не“. Призна дека тоа всушност никогаш не му го кажала и дека најверојатно ќе дознае дури кога ќе излезе видеото. Одговори на уште многу интересни прашања, но ова посебно се издвои, бидејќи не се ни обиде да излаже. 

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: