Девет факти кои откриваат дали си зависник од мода!

Девет факти кои откриваат дали си зависник од мода!

Објавена во: Мода // Moj стил

Дали мислиш дека сѐ околу тебе има некоја поврзаност со модата? Можеби околината ти сугерира дека претеруваш во посветувањето на внимание што да облечеш, а тебе тоа ти е океј. Во продолжение ти ги претставуваме 9 - те факти кои ја одликуваат зависноста од мода. Па што ти преостанува освен да провериш дали ќе се пронајдеш барем во половина од нив!!


# Најмалку 5 пати неделно одиш во шопинг „мол“, а ако е некој поблиску до твоето место на живеење тоа се случува секојдневно.

# На социјалните мрежи следиш модни блогерки, а на твоите профилни фотки најважен е твојот „аутфит“.

Редовно следиш временска прогноза и според неа одлучуваш што да облечеш.

# Сите пари кои ги добиваш од родителите или заработиш ги трошиш на облека.

# Редовно ги следиш сите доделувања на разни музички и филмски награди, но не за да дознаеш кој ќе победи, туку за да видиш кој како е облечен на „црвениот килим“.

# Тоите другарки се навикнати за ноќните забави да се подготвуваат кај тебе, зошто во твојот гардеробер има за секоја по нешто.

# Најдобриот комплимент кој можеш да го добиеш е: „Ми се допаѓа како се облекуваш“. 

# Најчесто доцниш каде и да одиш, поради тоа што иако го смислуваш порано „аутфитот“, во последен момент секогаш нешто менуваш.

# Не ти е гајле што ќе те болат стапалата два дена откако ќе носиш чевли со високи потпетици.

фото: Cosmopolitan

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: