Деветнаесетгодишниот Срѓан почина од корона: Живеел со баба му и сестра му, родителите му починале пред неколку години
Младиот Срѓан Стојановиќ (19) во неделата почина по четиридневниот престој во болница и борбата со короната, а за неговата тажна судбина тагува целиот регион.
Срѓан израснал во населбата Шехер во Бања Лука, со баба му и помладата сестра. според зборовите не неговите другари, Срѓан и порано имал здравствени проблеми поврзани со срцето, а короната била дополнителниот фактор, кој му го однел животот.
Тој и неговата малолетна сестра пред неколку години останеле без родителите и живееле со баба им, на која Срѓан ѝ бил единствена надеж.
„Татко му се уби кога тој беше шесто одделение. Беше полицаец, се тргна од нив и се уби во приватна просторија. Набрзо потоа поради проблеми со срцето почина и мајка му, а потоа и дедо му. Останаа само тој и помладата сестра, со баба им.
За жал, и баба му и сестра му исто така имаат ковид. Баба му моментално е во болница, а сестра му со која неговите другари се во контакт е сместена кај тетка ѝ“ - пренесува порталот Бања Лука.
„Баба му живееше за него. Тој ѝ беше единствена надеж и глава на куќата по сето тоа што им се случи во последните години“ - велат неговите другари.
Другарот на Срѓан во потресната исповед зборувеше дека момчето се борело како лав. Ги работел сите можни работи, од градежни работи преку земјоделски, а од скоро почнал и да се подготвува да стане полицаец, како и неговиот татко. За жал, судбината не дозволила да се случи тоа.
фото: BANJALUKA.COM / SCREENSHOT