Девојче одржа говор на свадба кој младенците никогаш нема да го заборават: Одите заедно како путер од кикирики и желе (ВИДЕО)
Ова слатко девојче го земало микрофонот и го кажало еден од најдобрите свадбени говори за младоженецот и невестата. Зборувало од срце, а со искрените зборови ги оставило сите во солзи.
Гостите често кон свадбените здравици имаат однос љубов/омраза. Некои се премногу долги, а други се многу несоодветни. Од друга страна, има и незгодни здравици кои едноставно немаат смисла.
Но, ова е една од најдобрите свадбени здравици и не би сакале да ја пропуштите. Ова слатко девојче сфатило што значи да се одржи говор на невестата и младоженецот.
Здравицата ја започнала велејќи им на гостите на свадбата дека е малку нервозна. И секој би бил, особено на нејзини години. Потоа продолжила да зборува како да пишува писмо.
„Драги Габи и Кевин, вие одите заедно како путер од кикирики и желе. Двајцата сами сте неверојатни, но вие двајца го правите најдоброто дуо“ - кажа.
Продолжила зборувајќи му на секој од нив зошто се совршени еден за друг. „Габи, ти си толку внимателна и љубезна, а Кевин, ти си грижлив и драг“.
Ако овие зборови не го привлекоа вашето внимание, можеби тоа ќе го направи последниот дел од нејзината здравица. Она што го кажува, ја прави оваа свадбена здравица најдобра.
Таа продолжила: „Се надевам дека кога ќе бидам постара ќе запознаам некој како тебе, кој ќе ме гледа со толку љубов и грижа, исто како што ти ја гледаш Габи“.
Какви мудри зборови и потсетник дека децата земаат пример од возрасните и дека можеме да моделираме што е тоа љубов. Момент кој ги топи сите срца. Се надеваме дека уживавте во оваа доза инспирација.
фото: Принтскрин / Јутјуб