Девојче со Даунов синдром го исполнува својот сон: Цели кон успехот за кој многумина сонуваат, зборовите на нејзината мајка допираат во срце
Девојче со Даунов синдром покажа дека нема препреки во остварувањето на своите соништа, кога се појави на Модната недела во Њујорк...
Моника Мајерс (14) од Канада никогаш не можела ни да замисли дека ќе се појави на модна писта, а потоа стана една од првите манекенки со Даунов синдром која излезе на сцената на престижната Модна недела во Њујорк.
„Моите пријателки не можеа да веруваат кога ме видоа во прекрасен фустан, со трепки и фризура. Се чувствував многу храбро и убаво“ - кажа Моника по ревијата.
Нејзината мајка ја следела на ревијата и признала дека се расплакала кога својата ќерка ја видела на модната писта.
„Не ни сонував дека тоа може да го направи, ме направи толку горда. Од мали нозе сакаше сѐ што има врска со фризура, шминка и фустани. Секогаш прославувавме сѐ што прави и ја ценевме, а таа никогаш не се срамеше од камерите. Последните години пронајде инспирација во моделите со Даунов синдром и тоа ја поттикна и самата да почне да се занимава со моделинг“ - раскажа мајката на Моника.
Нејзината кариера тргна по нагорна линија, а тоа го докажува и ревијата на која беше еден од моделите. Со ова Моника уште еднаш докажа дека Дауновиот синдром не е пречка за среќен живот и исполнување на соништата и дека родителите на децата со Даунов синдром треба да имаат верба во подобро утре, а не да се откажуваат.
фото: Принтскрин / Инстаграм